
Во понеделник запираат исплатите од државата, Министерството за финансии го затвора трезрот. Оваа информација која веќе е потврдена од синдикатите и од дел од пратениците, е проследена и со бројни реакции во јавноста дека веќе се доцни со исплата на плати во дел од јавниот сектор и со исплата на социјална и државна помош по различни основи, пишува Локално.
Трезорската сметка вообичаено се затвора на 25 ти декември, но не ретко тајмингот е и до 29 во тековниот месец. Ова досега не се случилo – да се се затвори трезор 20 дена, вели за „Локално“ пратеникот и поранешен вицепремиер за економски прашања Фатмир Битиќи.
„До сега ова не се случило, министерството за финансии на вакв начин сака да изврши “пртисок“ врз институциите админитративно да ги достават налозите за исплати па на таков начин финансии ќе имаат увид колку пари до крајот на годината треба да исплатат од Буџетот, а причината за ова е зошто пари во буџетот нема, доведена е во прашање ликвидноста “ – смета Битиќи.
„Ниту судиите, ниту адмистративците до 10 декември не ја зеле ноемвриската плата, а нема абер ниту за исплата на регресот за годишен одмор, иако се знае дека до 15 декември ќе се затвори трезорската сметка. Додатоците на плата не се исплатени од март, што е неприфатлив“ – изјави Трпе Деаноски од УПОЗ.
Во деновите кога се водеше собраниската дебата за новата буџетска година, министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска изјави дека буџетската каса е ликвидна.
„Буџетот е во одлична кондиција и нема никаков проблем со ликвидноста“ – изјави министерката Кочоска.
Целиот текст на Локално.мк











