Невработен секој петти Црногорец

120

Во Црна Гора на крајот на август имало 43.070 невработени, што е за 1,6% повеќе од јули, покажуваат податоците на Заводот за вработување.

Според месечниот извештај на Заводот, стапката на невработеност се зголемила од 18,26 на 18,56%, пренесува Investitor.

Највисоката стапка на невработеност, 32,7%, беше забележана во јули 2000 година, додека најниската беше во август 2009 година од 10,1%.

Заводот од почетокот на годинава има регистрирано 8.350 нови вработени.

Од почетокот на годината огласени се 14.840 слободни работни места.

Фото: Freepik