Невработените во Грција ќе добијат по 400 евра

34

Грција донесе одлука за доделување на еднократна помош на невработените во износ од 400 евра. Исплатата на парична помош ќе започне по деталната проверка на статусот на невработени. За ова ќе бидат издвоени 52 милиони евра.

Секој кој сака да добие помош ќе треба да достави потврда за невработеност, а паричната помош ќе биде исплатена до крајот на годината.

Грција оваа година е една од најтешко погодените земји во светот, бидејќи е зависна од туризмот. Земјата исто така го продолжи карантинот до седми декември.

Фото: Pixabay