Невработеност од 16,4% во 2020 година

44

Во текот на минатата година, стапката на невработеност достигна 16,4%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Стапката на активност во текот на 2020 година беше 56,4%, а стапката на вработеност е 47,2%.

Активното население во Република Северна Македонија изнесува 950.858 лица, од кои вработени се 794.909, а 155.949 лица се невработени.

Фото: Pexels