Невработеност од 16,5% во третото тримесечје

47

Невработеноста во третото тримесечје од оваа година се позиционираше на 16,5%, покажуваат податоците Државниот завод за статистика.

Стапката на вработеност, според податоците, е 46,6%, а стапката на активност е 55,8%.

Активното население во земјава, во третото тримесечје од оваа година, изнесуваше 941.136 лица, од кои 785.561 се вработени, а 155.575 се невработени.

Фото: Freepik