Невработеност од 16,7% во второто тримесечје

25

Стапката на невработеност во второто тримесечје е 16,7%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Истиот период минатата година, стапката на невработеност била 17,5%, додека на крајот на 2019 година се намали на 17,3%.

Во овој период, активното население во Македонија изнесува 953.039 лица, од кои вработени се 793.416, а 159.623 лица се невработени. Од вкупниот број невработени (159.623), 59,2% или 94.446 се мажи, а остатокот од 40,8% и 65.177 се жени.

Анализирано според возраст, најмногу невработени има во групата од 25 до 49 години (102.378 лица) или 64,1% од вкупниот број невработени, додека на возраст од 50 до 64 години невработени се 32.586 лица.

Стапката на активност во овој период е 56,5, додека стапката на вработеност 47,1.

Фото: Freepik