Невработеност од 16% во првото тримесечје

31

Во првото тримесечје од оваа година, невработеноста во земјава достигна 16%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Стапката на активност е 56%, а стапката на вработеност 47,1%.

Во првото тримесечје од 2021 година, активното население во Република Северна Македонија изнесува 943.964 лица, од кои вработени се 793.121, а 150.843 лица се невработени.

Фото: Freepik