Невработеноста кај младите во Европската унија достигна рекордно ниско ниво

76

Невработеноста кај младите е во опаѓање во речиси сите земји-членки во споредба со 2021 година.

Невработеноста кај младите во Европската унија достигна рекордно ниско ниво. Според податоците на Евростат, 4,48 милиони млади луѓе на возраст од 15 до 29 години биле невработени во 2022 година.

Тоа е 6,3 отсто од вкупното население од таа категорија, што претставува значителен пад во однос на претходните години, од 2009 година кога почна мерењето и кога невработеноста кај младите изнесуваше дури 9 отсто.

Сепак, ситуацијата значително се разликува од земја до земја.

Најниска невработеност кај младите е забележана во Чешка (2,0%), Германија и Бугарија (по 3,3%) и Унгарија и Полска (по 3,5%), а најголема во Шпанија (11,2%), Грција (10,6%) ), Шведска (10,3 %) и Кипар (8,8 %).

Невработеноста кај младите е во опаѓање во речиси сите земји-членки во однос на 2021 година.