Невработеноста во ЕУ на најниско ниво од почетокот на пандемијата

68

Стапката на невработеност во ЕУ падна  во ноември на најниско ниво од март 2020 година и почетокот на пандемијата на Ковид -19 , според извештајот на Евростат објавен во понеделникот.

Стапката на невработеност во Европската унија, мерена според методологијата на Меѓународната организација на трудот (МОТ), падна за 0,2 процентни поени во ноември од 6,5 отсто во претходниот месец, се наведува во извештајот на Европската статистичка служба.

Според проценките на Евростат, во ноември во ЕУ без работа биле вкупно 13,984 милиони луѓе. Во однос на октомври нивниот број во ЕУ е намален за 247 илјади, а во однос на ноември минатата година бројот на невработени е намален за 1,659 милиони.

Шпанија и Грција беа единствените земји од ЕУ кои забележаа двоцифрена стапка на невработеност во ноември, односно 14,1 отсто и 13,4 отсто, се наведува во извештајот на Европската статистичка служба.

Најниска стапка на невработеност во ноември имаше и Чешка, 2,2 отсто. Во групата со најниски стапки повторно се Холандија со 2,7 отсто и Полска и Германија со стапки на невработеност од три, односно 3,2 отсто.