Невработеноста во ЕУ во јуни околу шест отсто

62

Стапката на невработеност во јуни во еврозоната беше 6,6 отсто, покажаа податоците на канцеларијата за статистика на Европската унија (Евростат).

Се додава дека стапката на невработеност во ЕУ во јуни изнесувала шест отсто, што е исто така стабилно во однос на петтиот месец, но и многу пониско во однос на 7,2 отсто во јуни минатата година.

Евростат проценува дека 12,931 милиони мажи и жени во ЕУ, од кои 10,925 милиони во еврозоната, биле невработени во јуни оваа година. Во однос на јуни минатата година, невработеноста е намалена за 2,311 милиони во ЕУ и за 1,957 милиони во еврозоната.

Во извештајот на Евростат се наведува дека во јуни 2,546 милиони млади луѓе (на возраст под 25 години) биле невработени во ЕУ, од кои 2,073 милиони се во еврозоната. Во јуни, стапката на невработеност кај младите беше 13,6 отсто и во ЕУ и во еврозоната, што е зголемување во однос на претходните 13,3 отсто во ЕУ и 13,2 отсто во еврозоната.

Во споредба со мај, невработеноста кај младите се зголемила за 59.000 во ЕУ и за 64.000 во еврозоната. Во споредба со јуни 2021 година, невработеноста кај младите е намалена за 527.000 во ЕУ и за 450.000 во еврозоната.