Невработеноста во еврозоната 6,5 отсто во октомври: Колкав е процентот кај младите?

Невработеноста во еврозоната во октомври изнесувала 6,5 отсто, а во ЕУ шест отсто, во двата случаи исто како и во септември, објави денеска Евростат.

Во октомври во ЕУ имало 13,171 милиони невработени, од кои 11,134 милиони во еврозоната, се наведува на веб-страницата на Евростат. Бројот на невработени месечно се зголемува за 71.000 во ЕУ, односно за 48.000 во еврозоната.

Во октомври во ЕУ се регистрирани 2,881 милиони невработени млади под 25 години, а стапката на невработеност во оваа категорија изнесува 14,8 отсто. Во еврозоната, се додава, имало 2,380 милиони невработени млади лица, а стапката на невработеност во возрасната категорија до 25 години е 14,9 отсто.

Стапката на невработеност кај жените во ЕУ во октомври беше 6,4 отсто, а кај мажите 5,8 отсто.