Невработеноста во Полска е најниска во последните 34 години

26

Стапката на невработеност во Полска падна во јуни од пет во мај на 4,9 отсто и сега е најниска во последните 34 години, поточно од август 1990 година, објави  полската канцеларија за општа статистика (ГУС).

Бројот на регистрирани невработени во Полска се намали за 15.000 на 762.000 во јуни. додека во исто време бројот на слободни работни места во земјава е зголемен за 4.400 на 69.400.

Сезонски прилагодената стапка на невработеност во еврозоната во мај изнесуваше 6,4 отсто, што значи дека сè уште е на историскиот минимум од април, објави неодамна Евростат.

Во Европската унија стапката на невработеност во мај изнесуваше шест проценти, што е исто како и во април, а беше забележано дека Полска има втора најниска стапка на невработеност во ЕУ по Чешка.

Европската централна банка минатата недела предупреди дека и покрај трендот на намалување на инфлацијата ширум Европа, во услужниот сектор сè уште има „постојана инфлација“.