NewMan’s Business Accelerator домаќин на Pioneers of the Balkans во Македонија

23

Pioneers

NewMan’s Business Accelerator на 18 август 2015 (вторник) ќе биде домаќин на Pioneers of the Balkans – уникатна старт – ап програма организирана од страна на Pioneers во име на Светска Банка. Во новите простории на NewMan’s Business Accelerator со почеток во 19:00 часот ќе биде организирана средба со локалната стартап заедница со цел промоција на програмата, идентификување и поддршка на најдобрите старт-ап тимови од земјата.

На средбата организирана во ЊуМенс Бизнис Акцелераторот ексклузивно ќе присуствува извршиот менаџер на Pioneers од Австрија, Marius Starcke, како и проектниот менаџер на програмата, Јанко Милуновиќ. Pioneers of the Balkans е инвестициска програма поддржана од Светска Банка со цел да ги раздвижи активностите на регионалната старт-ап сцена и да им помогне на идните претприемачи од балканскиот регион да ја однесат нивната идеја на наредното ниво преку: Бесплатно знаење, алатки и вештини; Бесплатен влез (1 ден) на Belgrade Venture Forum во ноември 2015; Директни контакти со повеќе од 100 интернационални инвеститори; Можност 50 финалисти да се натпреваруваат за 200.000 евра инвестиција; Специјална можност за Pre-Silicon Valley валидација од страна на NewMan’s Business Accelerator за 50 финалисти.

Програмата е наменета за сите иновативни стартапи, outsourcing компании со сопствени иновативни производи или студенти со напредни идеи. Она што ни е потребно е претприемачки дух, ентузијазам и се разбира – одлична бизнис идеја која има шанса да го освои светот. ЊуМенс Бизнис Акцелераторот ќе земе значајна улога во овој настан преку вклучување на свои ментори при подготовката на избраните стартапи за полуфиналето и финалето на програмата.

Апликациите траат најдоцна до 31.08.2015 на http://pioneersofthebalkans.io/. Сите што се заинтересирани, а имаат дополнителни прашања или им е потребна помош околу апликацијата, можат да го контактираат тимот на NewMan’s Business Accelerator или да дојдат на разговор на Женевска 17б, Тафталиџе, Скопје. Телефони за контакт: 072 252 245 или 072 220 484.