NewMan’s Got Talent – програма за стипендирање на млади таленти од македонски компании

24

008fb5d9-e1c7-48fa-83f2-ed8cbd77fa61

Процесот да се најде вистинскиот вработен и да се биде задоволен со соработката на долг рок е истоштувачки и скап за компаниите, а во Македонија сè уште нема интегриран процес од школување до вработување на сите креативни и талентирани млади луѓе на кои што им треба поддршка за да ги развијат своите вештини.

Сликата која што ја забележуваме во Македонија е 67,3% невработеност на млади со високо образование, 71,6 месеци во просек од школување до вработување и 40% од вработувањата на младите се на позиции кои што се несоодветни со нивното образование, стои во соопштението.

NewMan’s Got Talent е програма која е креирана да одговори на потребите на младите и да ги поврзе успешните македонски компании со талентирани студенти кои имаат потенцијал да станат врвни професионалци и значајни вработени.

До крајот на месец септември ќе се одржат повеќе обуки и две тестирања, резултатите ќе се објават јавно и само најдобрите ќе продолжат во финалето каде што ќе имаат можност да ги презентираат своите квалитети и знаење со цел да освојат до 100% стипендија и шанса за вработување во некои од најдобрите компании во Македонија.

“Програмите на Њуменс Академијата се креирани за да кореспондираат со отворените работни позиции во одделни индустрии, како со знаења, така и со вештини. По завршување на академиите, студентите имаат предност на пазарот на труд, бидејќи освен здобивањето на стручни знаења, тие се подготвуваат кариерно да одговорат на побарувачката од компаниите, а со тоа стануваат попосакувани од работодавачите”, вели Ивана Најдоска, менаџер на Њуменс Академијата.

Првото тестирање ќе се одржи на 7 јули 2016 во просториите на Њуменс бизнис акцелераторот, а сите заинтересирани можат да аплицираат на следниот линк. Во моментов функционираат и кратки летни академии за Илустратор, Фотошоп, Развој на мобилни апликации и Развој на меки вештини и кариерен план, кои што започнуваат од 6 јули 2016 година.

Академијата во акцелераторот оваа учебна година ќе понуди дури 10 програми и тоа:

  1. Бизнис академија

– Корпоративни иновации и претприемништво

– Дигитален маркетинг и продажба

  1. Tech академија

– Front-end Web Development

– Back-end Web Development

– Развој на мобилни апликации

– Компјутерски мрежи и виртуелизација

– Сајбер безбедност и виртуелизација

  1. Креативна академија

– Графички дизајн и бренд идентитет

– 3Д Моделирање и Анимации

– Визуелни ефекти и пост-продукција

Со активно следење на некоја од академиите, студентите се специјализираат и здобиваат со огромен број на бенефиции и тоа:

  • Едукација од највисок квалитет и пренесени практики од SAP University Aliances, универзитетите Standford и Singularity од Калифорнија, САД;
  • Mентори со практично искуство во индустријата во која што предаваат наставна програма креирана според најновите барања на пазарот и конкретни работни профили;
  • Интерактивно учење преку работа на реални проекти на компаниите;
  • Стекнување вештини и нивна секојдневна примена со практична работа;
  • Можности за пракса и вработување во МК, Европа и САД кај компаниите што ве стипендирале или пошироката листа на партнери и соработници.