News Corporation продава 33 весници во САД

37

papersМеѓународниот медиумски холдинг News Corporation кој е под контрола на американскиот/австралиски магнат Руперт Мердок, соопшти дека ја продава својата ќерка – фирма Dow Jones Local Media Group, под чија управа се наоѓаат 33 помали весници во разни градови во САД, соопшти корпорацијата.

Како купец се јавува американската Fortress Investment Group, специјализирана за преземање и реструктуирање на претпријатија загубари. Fortress веќе има мрежа од преку 400 мали печатени изданија на цела територија на САД. Износот на трансакцијата не е објавен.

News Corp е издавач на познатите весници Wall Street Journal и New York Post во САД, The Sunday Times и The Sun во Британија и The Australian. Под капата на News Corp се наоѓаат уште и новинската агенција Dow Jones, Fox Sports Australia и издавачката куќа HarperCollins.