Nexus 4 од денес на македонскиот пазар

21

3551Најновиот модел на престижната серија на паметни телефони Nexus 4 сега е достапен и на македонскиот пазар. Oва денес го објави операторот Vip, во соработка со LG Electronics и Google.

Nexus 4 ги комбинира елегантниот дизајн и супериорен хардвер од LG Electronics, со најновата верзија на оперативниот систем Android 4.2, Jelly Bean и одличните можности кои ги нуди Google Apps, беше истакнато на денешната презентација.

“Среќен сум што токму Vip има ексклузивна можност да ја дополни својата понуда на најсовремени мобилни уреди со најновиот супериорен уред LG Nexus 4, кој веќе е вистински хит, меѓу корисниците ширум светот. Со ова уште еднаш ја потврдивме нашата трајна определба да им ги направиме достапни на нашите корисници најнапредните светски технолошки решенија”, изјави Џакомо Тоњони, главен маркетинг директор на Vip.

Тоњони информираше дека новиот мобилен телефон веќе е достапен во салоните на Vip за 0 денари со бизнис тарифата No Limit.

Напредната 3G мрежа на Vip во комбинација со најновиот модел на Nexus ќе им пружи големо задоволство и многу забава на корисниците, додаде тој.

Nexus 4 има 8MP камера со високи перформанси, која може да го опфати секој детал од околината. Со овој телефон може да се сликаат фотографии во сите правци, кои заедно создаваат сферна слика.

Врвниот Qualcomm Snapdragon S4 Pro процесор овозможува високи брзини и голема моќност. Сурфањето на интернет, богатата 3D графика и игри се овозможени со едноставно преминување од една друга апликација. Nexus 4 доаѓа заедно со најновите Google апликации.