Незадоволство во Croatia Airlines, пилотите се подготвуваат за штрајк

21

Фото: Facebook

Непотпишување на колективниот договор, но и бројни други проблеми што се случуваат во хрватскиот авиопревозник Croatia Airlines се причина за можен штрајк на пилотите и другиот персонал во компанијата, објави jutarnji.hr.

Пилотите, стјуардесите и авиомеханичарите би прекинале со работа токму на почетокот на туристичката сезона. Главната причина за незадовлството во компанијата е непотпишувањето на колективниот договор што е истечен пред речиси 1,5 година.  Деновиве незадовoлните преку синдикатот на пилоти ќе се обидат да ги надминат проблемите со Управата на авиокомпанијата, иако од Синдикатот не очекуваат дека ќе се најде заедничко решение.

Од Управата негираат дека постојат сериозни проблеми што би предизвикале прекин на авиосообраќајот и тоа во екот на сезоната.