За неколку месеци би можело да биде потпишан договорот за вработување на сезонски работници од Босна и Херцеговина во Хрватска. Со постигнување на ваков меѓудржавен договор, голем број на работници од БиХ кои сезонски работат на црно во Хрватска, ќе можат таму да се вработат на регуларен начин, пишува Независне новине.
Технички, тоа би значело хрватските работодавачи кои сакаат да вработат работна сила од БиХ, да се обратат до Агенцијата за труд и вработување на БиХ, која понатаму ќе распише конкурс и ќе го објави во локалните бироа за вработување.
Од Агенцијата за Независне велат дека во моментов квотата за вработување на работници во Хрватска од земји кои не се дел од ЕУ е околу 200 работници.