NFT е зборот на 2021 година

92

Кратенката NFT е избрана за збор на годината од HarperCollins.

, или незаменлив токен на македонски, е единствен дигитален идентификатор, шифриран во потписот на авторот, кој ја потврдува сопственоста и автентичноста на дигиталното средство.

Експертите на издавачот веруваат дека NFT заслужува да биде зборот на 2021 година бидејќи покажува „уникатен технолошки судир на уметност, технологија и трговија“.

Незаменливите токени се најновата инвестициска лудост во позадина на брзиот раст на пазарот на дигитална уметност.

Продажбата на NFT достигна рекордни 10,7 милијарди долари во третиот квартал од 2021 година. Споредено со претходниот квартал, растот е осумкратен, покажуваат податоците од платформата DappRadar.

Највредниот NFT, создаден од дигиталниот уметник Beeple, продаден е за 59 милиони евра од аукциската куќа Christie’s во март.

Незаменливиот токен е еден од трите зборови засновани на технологија на листата од 10 зборови на годината на HarperCollins.

Растот на употребата на NFT е 11.273%, според издавачката куќа.

Друг збор поврзан со технологиите вклучени во списокот е „крипто“ – кратка форма на „криптовалута“, чија употреба е зголемена за 468% на годишно ниво.

„Метаверзум“ опишува тридимензионален виртуелен свет и е измислен од авторот Нил Стивенсон во неговиот роман „Снежен удар“ од 1992 година. Неговата употреба е зголемена дванаесет пати од 2020 година, бидејќи стана термин за опишување на еволуцијата на интернетот и човечка интеракција со виртуелни домени.

Во 2020 година, издавачот го дефинираше терминот „локдаун“ (заклучување) како збор на годината.