Nido – ресторан во форма на птичјо гнездо

9

11573440_60_zВо хотелот Mar Adentro во Сан Хозе дел Кабо, Мексико, се наоѓа еден малку необичен ресторан што однадвор изгледа како птичјо гнездо, пишува Contemporist. Неговото име е Nido, дизајниран е од Мигуел Ангел Арагонес, а истиот е дел од трите ресторани во рамки на хотелот.

Цела мрежа на патчиња го поврзува ресторанот со базенот, хотелот и останатите ресторани. Ентериерот е минималистички со бели столчиња, бар масички, места за одмор и долга централна маса што се протега низ целиот простор.

Навечер насекаде по патеките се палат светилки што придонесува ресторанот да изгледа како да плови по морето.

MarAdentro_Baja_Cali_Nest_2hotel-restaurant_190816_01-800x538mar-adentro-3hotel-restaurant_190816_03

hotel-restaurant_190816_06