Нигерија – прва земја во Африка што воведе дигитална валута

51

Нигерискиот претседател Мухамаду Бухари ја воведе дигиталната валута, e-Naira, во најголемата африканска економија која сака да ја искористи растечката популарност на виртуелните пари и криптовалутите.

Со e-Naira, Нигерија стана првата земја во субсахарска Африка која лансираше дигитална валута, придружувајќи им се на Кина и на неколку други земји кои користат или чии централни банки подготвуваат регулативи за воведување дигитална валута.

„Станавме првата земја во Африка и една од првите во светот што воведе дигитална валута за нашите граѓани“, рече Бухари на официјалната промоција во понеделникот.

Нигерија доживува бум во интересот за криптовалутите бидејќи луѓето бараат начин да го избегнат слабеењето на постојната валута наира и да се справат со високите трошоци за живот и невработеноста во најнаселената африканска земја.