Nike: Ги истрчаа препреките и стигнаа до успехот

167

nike_company_store_pdx_therjproject

Секоја добра бизнис приказна започнува од мотивираноста на луѓето да се направи нешто подобро од веќе постоечкото. Така и компанијата Nike, која првично беше позната под името Blue Ribbon Sports, основана од страна на атлетичарот Филип Најт и неговиот тренер Бил Боверман, во јануари 1964 година.

1Бил Боверман бил познат тренер што секогаш се трудел да ги подобри перформансите на своите атлетичари на Универзитетот во Орегон. Тој експериментирал со разни површини за трчање, пијалоци за хидрирање и најважното од се, со иновациите во патиките за трчање. Неговиот партнер Филип Најт бил талентиран атлет од Портланд, кој бил запишан на Универзитетот Орегон во 1955 година. По дипломирањето, Најт ги завршил магистерските студии од областа на финансии на Универзитетот Стенфорд. Таму се родила идејата дека квалитетни патики за трчање можат да се произведуваат во Јапонија и ќе можат да бидат конкурентни на веќе познатите германски брендови. Неговите писма до производителите во Јапонија и Азија останале неодговорени, но Најт не се откажал. Тој се јавил до Onitsuka Co. во Кобе, Јапонија и го убедувал производителот на чевлите Tiger да го направи дистрибутер на Tiger маратонки во САД. Кога првите примероци на мартонки пристигнале, Најт испратил неколку пара на Боверман надевајќи се дека ќе направи продажба. Наместо тоа, Боверман му понудил да му стане партнер и да предложи идеи за дизајн на обувки.

Во јануари 1964 година двајцата вложиле по 500 долари и ја направиле првата нарачка од 300 обувки. Компанијата најголема продажба вршела на атлетските собири.

2

Профитот на компанијата се зголемувал брз, и во 1966 година Blue Ribbon Sports (BRS) ја отвора својата прва продавница на мало во Калифорнија. Но, во 1971 година соработката помеѓу BRS и Onitsuka Tiger завршува. Тогаш BRS ја лансира својата сопствена линија на обувки, која ќе го носи новото дизајнирано лого Ѕwoosh од Каролин Давидсон. Логото Ѕwoosh беше прв пат употребено од страна на Nike во јуни 1971 година. Во февруари 1972 година, BRS ја претстави својата прва линија на Nike патики, според името на грчката божица на победата. Во 1978 година, Blue Ribbon Sports официјално се преименува во Nike.

Како одминувало времето, спонзорирањето на спортистите станала клучна маркетинг алатка за брзо растечката компанија.

3

Првиот производ на компанијата што сами го дизајнирале е базиран на “вафли” дизајнот на Боверман. Откако универзитетот во Орегон повторно ја пуштил во употреба патеката за трчање, Боверман почнал да експериментира со различни потенцијални ѓонови кои поефикасно ќе се лепат за новата патека. Неговите напори се исплателе едно неделно утро, кога истурил течен уретан врз тостерот за вафли на неговата сопруга. Боверман ја разви и ја обнови така наречената “вафла” подлога што се среќава во сега веќе добро познатите патки по име Waffle Trainer од 1974 година.

6

До 1980 година, Nike достигнува удел од 50% на пазарот за спортски чевли во САД. Растот на компанијата раст се должи во голема мера на рекламирањето преку принтови “word – of – foot” (цитат од печатена реклама на Nike од доцните 1970-ти), наместо преку телевизиските реклами. Првата национална телевизиска реклама на Nike излезе во октомври 1982 за време на емитувањето на Њујоршкиот маратон. Рекламите беа направени од рекламната агенција Wieden + Kennedy. Заедно, Nike и Wieden + Kennedy направиле многу печатени и телевизиски реклами, а агенцијата продолжува и до ден денес да соработува со Nike. Токму ко-основачот на агенцијата Ден Виден го измисли сега веќе познатиот слоган “Just do it” за една рекламна кампања на Nike од 1988, која беше избрана од страна на Advertising Age како еден од петте најдобри рекламни слогани на 20-тиот век.

Во текот на 1980 година, Nike ја прошири својата линија на производство на патики за многу други спортови и региони низ целиот свет.

4

Почнувајќи од ноември 2008 година, Nike поседува четири клучни придружни компании: Cole Haan, Hurley International и Converse Inc. Други придружни компании што претходно беа во сопственост на Nike, а потоа продадени од нивна страна се Umbro, Bauer Hockey и Starter.

Nike денес продава широк асортиман на производи, вклучувајќи патики и облека за спортски активности како фудбал, кошарка, трчање, борбени спортови, тенис, американски фудбал, атлетика, голф, крос за мажи, жени и деца.

5Во 2010 година Nike заедно со Apple го лансираа новиот производ Nike+iPod, кој ја следи изведбата на тркачот преку радио уредот во чевелот кој е поврзан со iPod nano. Додека производот генерира корисни статистики, тој беше критикуван од страна на истражувачите, кои успеаја да ги идентификуваат RFID уредите на корисниците од далечина од 18 метри користејки мали, дискретни процесори со сензор за безжична мрежа.

Приходите на Nike во 2013 година изнесуваа 6,2 милијарди долари. Истата година по повод 25 годишнината од нивната колекција Nike air force, направени се најслатките и највкусните чоколадни патики со црна и бела чоколада.

cok3

Погледнете ја најновата Tech Pack колекција, каде што од обувки до облека Nike применува Hyperfuse технологија.