Nike ги отвори продавниците – Кинезите се со маски, но се враќаат

60

Американскиот производител на спортска опрема, Nike ги затвори своите продавници на глобален план, но соопштија дека околку 80% од продавниците во Кина повторно се отворени.

Nike извести за скок од 36% во продажбата преку интернет во Кина, по затворање на физичките продавници поради заразата од коронавирус.

“Очекуваме следните неколку недели да биде многу предизвикувачки период“, изјави извршниот директор на Nike, Џон Донахју, коментирајќи ја ситуацијата во САД и Европа.

Се надева дека ќе можат да ги употребат научените лекции од Кина за успешно да се носат со мерките за изолација на западните пазари.

“Потрошувачите се вратија во продавниците. Честопати со маски, но се вратија“, коментира Донахју за ситуацијата во продажните места во Кина.

Во период од три месеци, заклучно со февруари, приходите на Nike во Кина паднаа за 5%, на 1,5 милијарди долари.

Продажбата преку интернет скокна за 36% и во Nike се надеваат дека тој тренд ќе им помогне во ублажување на падот на приходите поради затворање на физичките продавници.

Извонреден раст е забележан и во сегментот апликации за личен тренинг во Кина, дизајниран за вежбање од дома. Активноста на корисниците се зголемила за 80%, бидејќи многу Кинези во тоа време останале дома.

Производителот на спортска облека, исто така, најави дека ќе продолжи со создавање нови производи посветени на Олимпијадата кога ќе дојде подобро време.

Фото: Pixabay