Nike – паметни патики што сами се врзуваат

197

Фото: Pixabay

Американскиот производител на спортска облека и обувки, Nike најави иновација во своето портфолио. Компанијата планира следната година да претстави нов пар на паметни патики, пишува Sole Collector.

Извршниот директор на Nike, Марк Паркер потврди во 2019 година, односно следната пролет ќе може да се купи нов паметен модел на патики со врвки што сами се врзуваат.

Новите патики првенствено се наменети за кошаркарите ќе го носат името Hyperadapt 2.0, еден вид на продолжение од првично најавените модели минатата година. Сепак, овој пат цената е значително намалена од 720 на 350 долари што ги прави многу подостапни.