НЛБ Банка АД Скопје доби 15 милиони евра од матичната банка НЛБ Љубљана

НЛБ Банка АД Скопје ја информираше јавноста дека успешно реализираше нова трансакција со својата матична институција – Нова Љубљанска банка д.д., Љубљана, која воедно е и доминантен акционер со 86,97% сопственост во банката. Станува збор за склучување на нов Договор за субординиран заем во износ од 15 милиони евра.

НЛБ Банка АД Скопје информира дека реализираше нова трансакција со Нова Љубљанска банка д.д., Љубљана врз основ на склучен нов Договор за Субординиран заем во износ од 15 милиони евра.

Нова Љубљанска банка д.д., Љубљана е доминантен акционер на НЛБ Банка АД Скопје со 86.97% учество во вкупниот број на акции на Банката.

Овој финансиски инструмент се квалификува како Додатен основен капитал (Additional Tier I capital), што значително ќе ја засили капиталната позиција на НЛБ Банка АД Скопје.