Nike со златна колекција во чест на Супербоул

72

luksuz-fashion-modni-aksesoari-nike (3)Големиот спортски настан, американскиот Супербоул, привлекува големо внимание во светот, па затоа Nike ја создаде колекцијата Super Bowl 50 Nike Gold Collection, пишува Endzonescore.

Педесетгодишниот јубилеј е одбележан со златни патики и облека за мажи жени и деца со златни додатоци.

Model Air Trainer 1 е специјално издание на патики. Самите обувки асоцираат на златен медал, престиж и луксуз. На патиките, покрај другите детали, се наоѓа и логото на големиот спортски настан.

Освен овие ексклузивни патики, тука се и Model Ultra XT, Air Max 1, Ultra PRM и Air Huarache PRM коишто се дел од линијата Super Bowl 50 Speed Destroyed, наменета за жени. Златната колекција е достапна во ограничен број на официјалната веб страна на Nike или во одбрани продавници од брендот.

Спортскиот настан ќе се одржи на 7 февруари на стадионот Levi’s во Санта Клара, Калифорнија.

luksuz-fashion-modni-aksesoari-nike (5)kicks-654x268