Nike влегува во дигиталниот свет – Купи компанија која произведува виртуелни патики

168

Најк,светски позната компанија за облека и обувки, штотуку го објави купувањето на RTFKT, водечка компанија која развива „дигитални колекционерски предмети“ кои комбинираат современа култура и брендови.

„Оваа аквизиција е уште еден чекор што ја забрзува дигиталната трансформација на Најк“, рече главниот извршен директор Џон Донахо во изјавата.

„Нашиот план е да инвестираме во брендот RTFKT, да им служиме и да ја развиваме нивната иновативна и креативна заедница и да го прошириме дигиталниот отпечаток и способностите на Најк.

RTFKT тврди дека во февруари соработката со тинејџерскиот уметник FEVOCiOUS за продажба на вистински патики во комбинација со виртуелни, успеала да продаде околу 600 пара / NFT за само шест минути, што тогаш изнесувало над 3,1 милиони долари.