Nike влегува во метаверзумот со Nikeland

95

Компанијата за спортски производи Nike откри дека создала виртуелен свет моделиран како нејзино седиште на платформата за игри Roblox. На овој начин, компанијата стана една од првите големи брендови што навлегува во метаверзумот, пренесе Ројтерс.

Дигиталниот простор, наречен Nikeland, им овозможува на играчите да ги облекуваат своите аватари со специјални производи на Nike и е бесплатен за сите во Roblox.

Посетителите во моментов можат да играат „Tag“, „Floor is Lava“ и „Dodgeball“ на платформата, што исто така им овозможува на креаторите на содржини да дизајнираат свои мини-игри.

Метаверзум, популарен збор во технолошката индустрија откако Facebook беше преименуван во Meta, е заеднички виртуелен свет каде што луѓето можат да комуницираат со другите преку нивните аватари, да уживаат во концерти и дигитално купување, на пример.

Глобалниот пазар за метаверзумот се очекува да достигне 6,16 милијарди долари во 2021 година и 41,62 милијарди долари до 2026 година, според фирмата за истражување на пазарот Strategy Analytics.

„Nike го создаде овој свет на ист начин како и неговото глобално седиште и во извонредниот 3D простор на Roblox, надградувајќи ја својата цел да ги претвори спортот и игрите во начин на живот“, коментираат од производителот на спортски производи.

Во Nikeland, посетителите можат да ги користат акцелерометрите на нивните мобилни уреди за да ги префрлат офлајн движењата на онлајн игра, а тоа ќе овозможи вистинско движење во дигиталниот простор.