Nikkei го купи британски The Financial Times за 1,3 милијарди долари

19

English 'Financial Times'

Јапонската медиумска компанија Nikkei Inc, го купи британски The Financial Times за 1,3 милијарди долари во рамки на договорот со британската компанија Pearson PLC, пишува BBC.

“Pearson беше горд сопственик на The Financial Times околу 60 години. Но, ја достигнавме преломната точка во медиумите, што е водена од страна на експлозивниот раст на електронските и социјалните медиуми. Во новата средина најдобар начин да се обезбеди новинарски и комерцијален успех на The Financial Times е тој да биде дел од глобална дигитална компанија“, изјави Џон Фалон, извршен директор на Pearson.

Во договорот е предвидено Pearson да продаде поголем дел од акциите на групацијата FT, вклучувајќи го весникот Financial Times и популарниот FT.com.