Никогаш не биле поевтини кириите во Хонгконг

26

Изнајмување на недвижнини на еден од најскапите пазар во светот бележат пад во првото тримесечје од оваа година, што е најниско ниво на кириите во Хонгконг, покажуваат официјални податоци.

Па така, типичен двособен стан сега може да се изнајми за околу 3.500 долари месечно, во однос на 4.200 долари колку што било пред две години.

Егзодусот на иселување од Хонгконг по антивладините протести, во комбинација со намален број на жители и голема стапка на невработеност, придонесоа да се намали побарувачката за недвижнини во азискиот финансиски центар, пренесува Bloomberg.

Но, тоа не е случај само со Хонгконг, бидејќи податоците покажуваат пад на кириите и во Њујорк и тоа за 14% во последната година, додека падот во британската престолнина е околу 8%. Во Сингапур, пак, има минимален раст на цените на наемнините и тоа за 2,4%.

Експертите очекуваат кириите во Хонгконг дополнително да се намалат за пет до 10% оваа година, поради намалениот број на жители и ограничените патувања. Населението во градското подрачје е намалено за 0,6% на 7,47 милиони, а може да продолжи да се намалува откако владата на Велика Британија прими 27.000 барања за британски визи од граѓани на Хонгконг.

Фото: Pexels