Никој не го сака Дурмитор – пропадна и деветтиот обид за продажба

23

durmitorНиту деветтиот обид за продажба на хотелот Дурмитор на Жабљак заедно со земјиштето и 13 бунгалови не успеа, затоа што до 31 март никој не се јавил на тендерот, потврди стечајниот управник на ски центарот Чедо Госпиќ за порталот Аналитика.

Цената за продажба овој пат беше 2,8 милиони евра, за разлика од претходниот пат кога беше три милиони евра. Првата понуда за ски центарот беше 6,55 милиони евра.