
Пред да стане милионер благодарение на софтверска компанија, познатиот инвеститор и претприемач Марк Кјубан имал многу поинаква бизнис идеја за која верувал дека ќе му донесе успех.
На само 24 години, не долго по дипломирањето и со помалку од 20 долари во џебот, Кјубан решил да се обиде да продава млеко во прав. Како што неодамна изјави за CNBC Make It, оваа епизода траела само еден месец, бидејќи набрзо сфатил дека практично нема интерес за производот.
Во тој период, Кјубан нудел примероци на секој што би слушал, обидувајќи се да го претстави млекото во прав како евтина алтернатива за луѓе со ограничен буџет. „Млекото е скапо, а сите сме без пари – ова ви заштедува пари“, им рекол тој на потенцијалните клиенти. Сепак, реакциите биле повеќе од јасни. „Доволно беше да се види изразот на нивните лица“, се присетил Кјубан во разговор со сериската претприемачка Ема Грид во една епизода од нејзиниот подкаст „Aspire“.
И покрај тоа што верувал дека има профитабилен производ, млекото во прав не се продавало.
Прв неуспех, потоа успех од милион долари
По неуспешниот обид, Кјубан ја основал MicroSolutions, компанија за компјутерски софтвер, која ја продал во 1990 година за шест милиони долари. Неколку години подоцна, неговиот следен проект, Broadcast.com, платформа за аудио стриминг, бил продаден на Yahoo за дури шест милијарди долари.
Според списанието Форбс, денес неговото богатство се проценува на точно толку: шест милијарди долари.
Иако продажбата на млеко во прав не донесе профит, Кјубан научи важна лекција за неуспехот од епизодата.
„Не е важно колку пати ќе пропаднете. Доволно е да бидете во право – еднаш. Само еднаш.“
Како да започнете успешен бизнис со нула долари?
За оние кои немаат почетен капитал за да започнат бизнис, Кјубан има јасен совет: потпрете се на „капитал на потење“ – односно на вашиот сопствен труд и знаење наместо на пари.
„Прво мора да го пронајдете вистинскиот производ или услуга“, изјави тој во подкастот. „Ако немате пари, веројатно ќе започнете бизнис со услуги.“
Може да биде сè што една личност го прави добро, а што задоволува реална потреба за другите, како што се предавање, пишување, дизајнирање, водење социјални мрежи, шетање кучиња и слично.
Доколку денес требаше да почне од нула, би се обложил на вештачка интелигенција.
Кога го прашале каков бизнис би започнал денес доколку треба да почне одново без ниту еден долар, Кубан одговорил: Вештачка интелигенција.











