Nima – уред што проверува дали во храната има глутен

36

nima-facebook

Фото: Facebook

Nima е уред што на корисникот му овозможува на брз и едноставен начин да провери дали храната што е пред него содржи глутен.

Во специјално дизајнирана капсула, корисникот поставува примерок од храната, по што ја враќа во уредот каде што започнува нејзина анализа со притискање на едно копче. Анализата трае две минути, по што корисникот добива предупредување доколку во примерокот од храната е пронајден глутен.

Резултатите од анализирана храна може да се постават на апликација и  да се погледнат оцените од најблиските ресторани што нудат храна без глутен.

Овој уред е достапен во САД по цена од 279 долари.