Nimuno Loops, лента за коцки што се става на секаква површина

28

lego

Анин Кирстен и Макс Баслер од Јужноафриканската Република дизајнираа Nimuno Loops лента, којашто од едната страна е леплива, а од другата е компатибилна со Lego и други коцки.  На оваа лента може да се редат коцки на речиси секоја површина и се спојува со разни играчки.

Поради генијалноста и практичноста многумина ја нарекуваат и најдобра креација на годината. Нивниот производ е поставен на платформата за групно финансирање Indiegogo, од каде треба да соберат 8.000 долари, а иако има уште две недели до крајот на кампањата досега се обезбедени околу 1,5 милиони долари.

lenta2

“Од почетокот мислевме дека имаме нешто големо. Освен што е леплива, лентата може да се витка и сече за да одговара на било која површина, на ѕидот или фрижидерот и можете да ја поставувате на други играчки“, вели Кирстен.

lenta6Фото: Facebook

Креаторите на Nimuno Loops идејата ја добиле пред една година, а на развој на производот работеле последниве неколку месеци. Со оглед на големата поддршка, сега се фокусирани на логистиката односно започнување на испорака во јули.

За 13 долари може да добиете две ролни со должина од два метри, а може да се изберат различни бои.