Кинескиот производител на паметни телефони Xiaomi заедно со Ninebot и Segway, го произведоа Ninebot Mini – скутер што сам одржува рамнотежа, пишува Hindustan Times.
Скутерот е изработен од легура од магнезиум и според Xiaomi може да достигне брзина од 16 километри на час, а може да помине 22 километри со едно полнење. Возилото тежи помалку од 13 килограми и може без проблем да се искачи на стрмнина од 15 степени.
Ninebot Mini нема класичен волан, но затоа има подигната рачка во висина на колената со којашто се управува возилото, додека неговата носивост е 85 килограми.
Скутерот може да се контролира и преку апликација за смартфон, а го има во бела и црна боја. Само-балансирачкото возило ќе биде достапно во Кина од трети ноември по цена од 278 евра.