Ninebot Mini – новиот скутер од Xiaomi

5

_27b60450-76ed-11e5-8b8b-eaf588ebab77Кинескиот производител на паметни телефони Xiaomi заедно со Ninebot и Segway, го произведоа Ninebot Mini – скутер што сам одржува рамнотежа, пишува Hindustan Times.

Скутерот е изработен од легура од магнезиум и според Xiaomi може да достигне брзина од 16 километри на час, а може да помине 22 километри со едно полнење. Возилото тежи помалку од 13 килограми и може без проблем да се искачи на стрмнина од 15 степени.

822284877d1484125d56512d248506a0.d314e8fbafc31c61c1dcbdfea4c72359

Ninebot Mini нема класичен волан, но затоа има подигната рачка во висина на колената со којашто се управува возилото, додека неговата носивост е 85 килограми.

Скутерот може да се контролира и преку апликација за смартфон, а го има во бела и црна боја. Само-балансирачкото возило ќе биде достапно во Кина од трети ноември по цена од 278 евра.