Nintendo најавува нова верзија на Super Mario за паметни телефони

23

Фото: Facebook

Компанијата Nintendo во соработка со апликацијата за размена на пораки Line и производителот на видео игри, NHN Entertainment, ќе ја развива новата верзија на познатата видео игра Super Mario, под името Dr. Mario world, пишува Fortune.

Се очекува видео играта да биде бесплатна за преземање, а корисниците најверојатно ќе треба да купуваат додатоци за да може да напредуваат низ играта.

Играта на Nintendo, Super Mario Run од 2016 година, била изработена на сличен принцип, за премин на следно ниво било потребно да се плати.

Новата игра со култниот видео лик би требало да се појави ова лето, а ќе биде достапна за сите Android и iOS платформи.