Nintendo Switch повторно го „сруши“ PS5

27

Nintendo Switch беше најпродаваната конзола во февруари, пред конзолите Sony Playstation 5 и Xbox Series X.

По послабиот јануари, кога PS5 беше најпродаван, а Switch беше трет зад Xbox Series X, Nintendo Switch сега е на врвот.

Минатиот октомври, PS5 ја прекина серијата на Switch долга речиси три години, каде што беше најпродавана конзола, и оттогаш, PS5 и Switch се менуваат на врвот секој месец.

Новиот OLED Switch ја зголеми продажбата на конзолата, така што главно конзолата на Nintendo беше на врвот, во ноември и декември 2021 година.

Иако Switch се продаваше најмногу, PS5 заработи повеќе од тогаш.

Најпродавана игра во февруари е очекуваниот Elden Ring, и тоа многу убедливо.

Најдобро од се е што Elden Ring излезе на 25 февруари, па успеа да стане најпродаван за четири дена.