Nio ја отвора првата фабрика во Европа

100

Кинескиот производител Nio наскоро ќе ја отвори првата фабрика во Европа, а фокусот ќе биде на изградба на станици за менување на батерии кај електричните возила

Nio ќе ја отвори својата прва европска фабрика во септември и иако нема да произведува автомобили, ќе игра важна улога во тековното проширување на компанијата. Фабриката Nio Power Europe се наоѓа во Пешта, Унгарија и ќе биде со големина од приближно 10.000 квадратни метри. Истата ќе биде одговорна за производството и услугата по продажбата на напредните станици за замена на батерии на производителот на автомобили. Исто така, ќе се занимава со обука за електроенергетски операции во Европа и истражување и развој на нови енергетски производи.

Кинескиот производител на автомобили планира да ја забрза изградбата на станици за замена на батерии низ Европа, особено во Германија, Шведска, Холандија и Данска, до втората половина на оваа година.

Понатаму, Nio неодамна објави партнерство со Shell што ќе помогне да се развијат нејзините станици за замена на батерии на глобално ниво, особено низ Кина и Европа. Партнерството исто така ќе ја отвори европската мрежа за полнење на Shell за возилата Nio. Производителот на автомобили на крајот сака да работи со 4.000 станици за замена на батерии ширум светот, а приближно една четвртина од нив ќе бидат надвор од Кина, пишува Reuters.

Nio неодамна го претстави ES7

Најавата за европската фабрика на Nio доаѓа само шест недели откако таа го претстави целосно новиот SUV ES7, дизајниран да се смести помеѓу ES6 и ES8 во својата гама.

За напојувањето на Nio ES7 се задолжени пар електрични мотори кои комбинирано испорачуваат 644 КС 850 Nm вртежен момент. Nio вели дека теренецот може да забрза од нула до „стотка“ за само 3,9 секунди кога е во режим Sport+.

Ќе бидат достапни три различни батерии. Во основата на опсегот е единица од 75 kWh, доволна за домет од 485 km. Оние кои бараат поголем опсег може да се одлучат за батерија со долг домет од 100 kWh што може да го напојува ES7 на 620 км. На крајот е батеријата со ултра долг домет од 150 kWh која нуди опсег на движење од 850 km.

Преземено од Avtoplus.mk