Nio ја отвора својата прва европска фабрика

47

Кинеската Nio ќе ја отвори својата прва европска фабрика во септември, и иако нема да произведува автомобили, ќе игра важна улога во тековното проширување на компанијата.

Фабриката Nio Power Europe се наоѓа во Пешта, Унгарија и ќе биде со големина од приближно 10.000 квадратни метри. Тaa ќе биде одговорна за производството и услугите по продажбата на напредните станици за замена на батерии на производителот на автомобили. Ќе се занимава и со обука за енергетски операции во Европа и истражување и развој на нови енергетски производи.

Кинескиот производител на автомобили планира да ја забрза изградбата на станици за замена на батерии низ Европа, особено во Германија, Шведска, Холандија и Данска до втората половина на оваа година.

Nio неодамна објави партнерство со Shell за глобален развој на станици за замена на батерии, особено низ Кина и Европа. Партнерството исто така ќе ја отвори европската мрежа на Shell за полнење на возилата Nio.

Nio на крајот сака да управува со 4.000 станици за замена на батерии ширум светот, од кои околу една четвртина ќе бидат надвор од Кина, пишува Ројтерс.