НИС ќе инвестира 500 милиони евра во 2014

24

NISНафтена индустрија Србија (НИС) според усвоениот бизнис план за 2014 година, планира инвестиции во висина од 500 милиони евра. Најголем дел од инвестициите ќе биде насочен кон проекти во областа на истражување и производство на јаглеводород, како и продолжување на програмата за модернизација на преработувачките капацитети, јавуваат српските медиуми.

НИС во соопштението наведува дека приоритет на компанијата во 2014 година ќе биде продолжување на програмата за зголемување на ефикасноста на работењето и развој на проекти во областа промет на нафтени деривати, како и истражување и производство на Балканот.