Нисан ќе помогне во дизајнирањето на нов лунарен ровер за НАСА

132

Nissan ќе работи со Sierra Space и Teledyne Brown Engineering за заеднички дизајн на лунарен ровер за американската вселенска агенција НАСА.

Сепак, не станува збор за „обичен“ ровер, туку за возило наречено Lunar Terrain Vehicle (LTV) кое ќе го транспортира екипажот и ќе служи како поддршка за идните истражувања на Месечината.

Nissan Северна Америка ќе ја понуди својата експертиза во дизајнот на автомобили, како и своите системи за автономно возење и „паметни“ системи на возила.

Teledyne и Sierra Space имаат долгогодишно искуство во вонземски истражувања. Teledyne го разви првиот прототип на лунарен ровер уште во 1960-тите, а исто така извршува операции за товар и интеграција за НАСА повеќе од 40 години. Компанијата ќе го води тимот и ќе управува со програмата, развојот, производството, операциите за интеграција и системот за напојување на возилата.

Sierra Space има историја на иновации на ова поле и најверојатно ќе обезбеди софтвер за летови, вселенски механизми, комуникации, навигација, тајминг и многу повеќе.