Nissan и Mitsubishi формираат заедничка компанија за производство на електричен автомобил

22

nissan i mitsubishi

Компаниите Nissan и Mitsubishi формираа заедничко претпријатие за развој на мал електричен автомобил, чија цена ќе биде околу 10.000 евра.

Nissan, кој во 2010 година го претстави првиот електричен автомобил – моделот Leaf, додега ширум светот продаде 124.000 вакви автомобили. Иако Leaf  е најпродаваното електрично возило во Европа, продажбата би била подобра доколку мрежата на станици за полнење е поразвиена. Инаку, ова возило со едно полнење може да помине и до 190 километри.

Како втора причина поради незадоволството од овој модел Nissan ја наведува и високата цена. Иако во 2013 година, компанијата ја намали цената на овој автомобил на европскиот пазар, таа во просек се движи околу 25.000 евра.

Компанијата Mitsubishi, исто така, има искуство во производството на електрични автомобили. Моделот iMiEV со радиус на движење од околу 150 километри е претставен во 2009 година, но исто така бил со висока цена и не ги постигна очекуваните резултати.

Двете компании веруваат дека новиот заеднички модел на електричен погон ќе оствари подобри продажни резултати со оглед на тоа што неговата цена не би требало да надмине 10.000 евра.