Nissan најавува самоуправувачки такси

Јапонскиот производител на автомобили Nissan планира да воведе самоуправувачки такси во Јапонија во рок од неколку години.

Услугата, која беше планирана поради недостигот на таксисти како резултат на стареењето на населението, се очекува да биде достапна почнувајќи од април 2027 година, пренесува Мина.

Како што неодамна објави компанијата, ќе започне со тестирање на комерцијални услуги во наредната фискална година, користејќи мини комбиња во областа Јокохама јужно од Токио.

„Локалните заедници се соочуваат со голем број предизвици при мобилноста, вклучително и недостиг на возачи како резултат на стареењето на населението“, се вели во соопштението на Nissan.

При лансирањето на услугата, тие планираат да соработуваат со локалните власти и транспортните оператори за да „обезбедат широк спектар на нови услуги кои овозможуваат слободно движење“.