Nissan призна дека резултатите од емисиите на издувни гасови од своите автомобили произведени во повеќето фабрики на компанијата во Јапонија, биле намерно фалсификувани.
Компанијата не откри колку автомобили биле вклучени во процесот ,но потврди дека тестовите за емисии и економичност на горивото “отстапиле од соодветната околина за тестирање.“
Автомобилската компанија наведе дека извештаите од инспекција биле базирани на “променети правила на мерење.“
Од Nissan се заложија за целосна и детална истрага.
Фото: Pixabay