Nissan создаде “само – паркирачки” папучи

19

lФото: Youtube

Производителот на автомобили Nissan ја комбинира самоуправувачка технологија кај возилата со традиционалната јапонска гостопримливост создавајќи “само – паркирачки“ папучи за потребите на еден мотел.

Освен папучи што сами се местат онаму каде што треба, Nissan ја примени технологијата на само -паркирање и кај перничиња, мали масички и останати елементи, на големо изненадување на гостите во мотелот ProPILOT Park Ryokan. Папучите и останатите предмети кога нема да се користат автоматски се “паркираат“ на означените места со притискање на копче.

Nissan во 2016 година претстави и концепт на канцелариски столчиња што самостојно се паркираат до работното место.

Nissan нуди едно бесплатно ноќевање за двајца во ProPILOT Park Ryokan, којшто се наоѓа во Хаконе, Јапонија. Заинтересираните треба да постираат на Twitter користејќи го хаштагот #PPPRyokan и  #wanttostay помеѓу 25-ти јануари и 10-ти февруари.

А еве како сето тоа изгледа: