Низ улиците на Токио од 2040 година ќе се вози футуристичкиот електричен автомобил на едно тркало под името Nissan Tamago (јајце на јапонски јазик), пишува Behance.net.
Иако дотогаш има уште многу време, на оваа страница се претставени првичните детали за овој автомобил за едно лице. Се очекува овој автомобил да го реши сообраќајниот метеж и загадувањето во урбаните средини, како што е Токио.
Автомобилот ќе ја користи таканаречената Ballbot технологија, којашто ја дава потребната рамнотежа иако има само едно тркало.
Nissan Tamago ќе се полни на посебен начин, така што прво ќе се смести на посебна платформа која ќе го спушти возилото под нивото на земјата. Возачот ќе излезе од автомобилот, а тој се спушта уште подолу во земјата, каде се полни со електрична енергија. Штом се наполни, лед сијалиците на возилото од црвена боја се менуваат во сина.