Ниту еден патник не го загубил багажот на јапонскиот аеродром Kansai

34

bagaz kansai

Меѓународниот аеродром Kansai во Јапонија е прогласен за најдобар во светот, благодарение на тоа што на ниту еден патник уште од 1994 година, не му недостасувал багажот, пишува британски Телеграф.

Уште од отворањето на овој аеродром, ниту еден патник не се пожалил дека му е загубен багажот, што е честа појава на голем број светски аеродроми.

kansai-ext_3258316b

Агенцијата Skytrax направи истражување, што опфати 550 аеродроми во 112 земји во светот, користејќи ги коментарите на околу 13 милиони корисници на аеродромите. Според управувањето со багажот на патниците, најдобро котираат аеродромите во Јапонија, па така во топ 10 најдобри аеродроми во таа категорија има два од оваа земја. Се смета дека менталитетот, пристапот кон работата и дисциплината се клучните елементи за беспрекорните услуги што ги нудат аеродромите во Јапонија.

Аеродромот Kansai е изграден на вештачки остров во централниот дел на Јапонија и обрнува посебно внимание на управувањето со багажот на патниците.