Ниту кризата не го запира албанскиот туризам: Над 600 илјади туристи само во март

Во првите три месеци од годинава во Албанија престојувале 1,677 милиони туристи, што укажува дека туризмот повторно ќе биде во пораст, и покрај кризата на Блискиот Исток.

-Според Институтот за статистика (ИНСТАТ) само во март имало 609 илјади туристи, 10 отсто повеќе споредено со истиот месец минатата година, кои посетиле разни градови или се сретнале со роднини или имале медицински услуги, објавија медиумите.

Посетителите од Африка, исто така, бележат зголемување, иако бројките се сè уште ниски. Пристигнувањата од Америка достигнаа 13,000 во март.

Сепак, доминираат европските туристи, со 576,000, од кои 90 проценти доаѓаат од јужна Европа. -Но, раст бележи и патувањата на албанските граѓани надвор од земјата.

Околу 2 милиони патувале во други земји, а ист број се вратиле во својата татковина, наведуваат медиумите.

Од друга страна, туристичките оператори додаваат дека зголемените текови ќе продолжат и во месеците април, мај и јуни.

Тие дополнително нагласуваат дека јули и август повторно ќе постават рекорди, врз основа на резервации во хотели или преку платформите Booking и Airbnb. Во Албанија минатата година престојувале 12.

466. 038 странци, што беше за 6,6 отсто или 769,960 лица повеќе споредено со претходната година се приходите од туризам биле над 4,4 милијарди евра.