Нивите во Бугарија поевтини до 15% следната година

22

niva

Цената на земјоделското земјиште во Бугарија во 2015 година ќе паѓа за 10% до 15% поради слабиот интерес од страна на инвеститорите, задоцнета исплата по Програмата за рурален развој и тешкото администрирање на финансирањето поради новите програми, предвидува Христо Цветанов од Институтот за агростратегии и иновации за телевизијата Бугарија он ер, пренесува mediapool.bg.

Друга причина за поевтинувањето на нивите е исцрпување на голем дел од потенцијалот на зрно-производството и преориентирање кон поинтензивно производство на овошје или зеленчук. Според Цветанов, интересот на странските инвеститори за бугарските ниви е намален и поради расцепканата сопственост.

Цветанов очекува 2015 година да биде потешка година за земјоделците во споредба со 2014.